Португалецот Бернардо Силва е на излезни врати од Манчестер Сити, а според последните информации тој би можел да се пресели во Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Силва во изјавите за неговата иднина не криеше дека сака во иднина да игра во Барселона, а изгледа дека оваа желба наскоро и ќе му се оствари. Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор со Манчестер Сити.
Најавите од медиуите се дека каталонскиот гигант ќе плати сума од 57 милиони евра и тоа на рати во следните три години.
Барселона мора да внимава со трошењето поради финансиската криза од која се уште не е излезена во целост.
Ако се остварат најавите Силва би можел да ја засили Барселна од 1. јули. Дресот на Манчестер Сити Португалецот го носи од 2017 година и во изминатиот период одигра 233 натпревари во кои постигна 33 гола.