Италијанските и островските медиуми најавуваат дека Челзи и Наполи подготвуваат голема размена на своите напаѓачи, Ромелу Лукаку и Виктор Осимен.
Во Неапол се најавува дека Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Наполи и тој навидно сака да го има Лукаку во нападот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна, Челзи подолг период се поврзува со Виктор Осимен, па затоа и ваква размена е можна.
Јасно дека во вредноста на фудбалерите на пазарот има голема разлика, па така Челзи покрај Лукаку сигурно ќе треба и да доплати одредена сума.
Шпекулациите во овој момент се дека Челзи заедно со Лукаку ќе треба да плати сума помеѓу 80 и 90 милиони евра.