Дома Фудбал Буфон со емотивна порака го испрати Бонучи во пензија

Буфон со емотивна порака го испрати Бонучи во пензија

Како и што се најавуваше претходно, Леонардо Бонучи објави крај на кариерата и од фудбалот се простува како играч на турскиот гигант Фенербахче.

Последната година од кариерата која ја започна во Унион Берлин не помина како што очекуваше, но во изминатите години Бонучи важеше за еден од најдобрите дефанзивци во светот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобрите денови ги помина во Јувентус каде што формираше супер-трио во одбраната со Кјелини и Брзаљи, поддржани од Буфон на голот.

„Како што беше случај со Брзаљи, потоа и со Кјелини, твоето пензионирање носи мелахонија на душата, треба да сме горди на тоа што бевме некогаш, но истовремено и да сфатиме дека времето одминува и работите се менуваат. Во минатото наоѓаме одредени чувства и емоции низ кои минувавме заедно. Си верувавме и благодарение на довербата испишавме фудбалска историја.

Голем Лео, ме придружуваше во многу битки и сигурен сум дека со твојата самодоверба ќе гледаш и на работите што ги носи иднината“, објави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…