Германскиот тренер Ханси Флик го наследи Чави Хернандез на клупата на Барселона и од него сега се очекуваа трофеи, тоа секако нема да биде лесна задача бидејќи Реал Мадрид од наредната сезона ќе го има најверојатно и Мбапе.
Пред Флик е напорно лето, а до раководството тој порачал дека еден играч е „недопирлив“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Медиумите блиски до Барселона пренесуваат дека Флик на клубот му порачал дека Френки Де Јонг не смее да биде продаден. Во последно време се шпекулираше дека Де Јонг може да замине, но тоа сега изгледа нема да се случи.
Претходно Де Јонг самиот одбиваше да замине и сега има тренер кој сака да го задржи.