Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го сака „бисерот“ на Евертон

Манчестер Јунајтед го сака „бисерот“ на Евертон

Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, а најголема желба е Џеред Брентвејт од Евертон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јунајтед останува без Рафаел Варан, а во Брентвејт гледаат идеален наследник на Французинот.

Евертон е свесен дека поради балансирање на трошоците и финансискиот фер-плеј ќе мора да продаде голем број играчи, а први на списокот за продажба се младиот стопер и Белгиецот, Амаду Онана.

Брентвејт е на списокот на репрезентацијата на Англија за претстојното ЕП и би можел да дебитира на пријателските натпревари со Босна и Херцеговина.

Тој одигра одлична сезона за Евертон и покажа дека е еден од најголемите англиски таленти во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…