Дома Фудбал Италија „Серија А“ ќе добива двојно повеќе пари за ТВ правата

„Серија А“ ќе добива двојно повеќе пари за ТВ правата

Италијанската фудбалска лига ги продаде меѓународните фудбалски права на IMG за сума од 371 милиони евра по сезона, што е скоро двојно повеќе од претходната зделка.

Договорот ги опфаќа следните три сезони од Серија А и завршува во 2021 година. Претходниот договор му носеше годишно 190 милиони евра на италијанскиот фудбал.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Со новиот договор Серија А избива на третото место во Европа според ТВ правата, после Премиер лигата (1,3 милијарди евра) и Шпанската лига (636 милиони евра).

На четвртото место според Тв правата е Бундес лигата која годишно добива по 240 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aморим си замина, а на Спортинг му се случи – катастрофа!

Спортинг од Лисабон едноставно повеќе не е истиот тим од кога замина Рубен Аморим. “…