Eкипата на Баерн летово ќе назначи нов тренер, а се очекува наследникот на Томас Тухел да биде Винсент Компани. Но, покрај тренерската позиција клубот работи и на засилувања во играчкиот кадар.
Последните информации говорат дека Баерн е сериозно заинтересиран да се засили со Дани Олмо од редовите на Лајпциг.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Олмо во својот договор со Лајпциг има откупна клазула од 60 милиони евра и ако баварците се спремни да ја платат тогаш тимот во кој настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да има премногу избро.
Во Бундеслигата, Олмо важи за еден од најдобрите фудбалери во овој момент, а од голема корист за Баерн е што може да игра на две позици, како полушпиц и како десно крило. Во редовите на Лајпциг, Олмо пристигна пред четири години од хрватскиот гигант Динамо Загреб.