Екипата на Тиквеш е освојувачот на трофејот во Купот на Македонија откако славеше во финалето над Воска Спорт со 2:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тиквеш сосема заслужено стигна до историска титула и станаа петнаесеттиот тим од осамостојувањето на Македонија кој триумфирал во Купот.
Резултатот беше отворен во завршницата од првиот дел кога Кристијан Стојкоски постигна фантастичен гол од слободен удар за водство на Тиквеш од 1-0.
Офанзивната на кавадарчани резултираше со втор гол на Луан Силва во 59-та минута. Воска иако немаше премногу прилики, сепак по грешката на голманот Ренер постигна гол на надеж во 77. минута, прекуШаркоски.