Наследникот на Кике Санчез Флорес на клупата на Севиља би можел да биде хрватски стратег.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми пренесуваат дека прв кандидат за оваа функција е актуелниот тренер на Торино, Иван Јуриќ.
Неговиот договор со овој италијански тим истекува на крајот на сезоната и тој ќе може слободно да избере нова работа.
Јуриќ на тој начин би се вратил во клубот за кој своевремено настапуваше од 1997 до 2001 година. Хрватскиот тренер го водеше Торино во претходните три сезони.
Досега како тренер работеше исклучиво во Италија каде раководеше и со Верона, Џенова, Кротоне и Мантова.