ПЕП ГВАРДИОЛА ја доби наградата за најдобар тренер во Премиер лигата, објавено е на официјалниот сајт.
Тоа е петта награда за најдобар тренер за Гвардиола, а доаѓа по неговата четврта последователна титула во Премиер лигата, што е и рекорд во Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанецот изјави дека и следната сезона ќе ја брани титулата најдобар тренер. Само Сер Алекс Фергусон има повеќе награди од Гвардиола – дури 11.
„Сакам да ја поделам оваа награда, најмногу со Микел Артета, кој заврши одлична работа со Арсенал до последниот натпревар. Тој навистина не натера да ги тестираме нашите граници. Секако, тука е и Клоп, со кој имав многу битки за паметење. Унаи Емери направи големи работи со Астон Вила. во својата прва сезона во Премиер лигата. Андони Ираола во првата сезона во Премиер лигата беше одличен во Бурнмаут. Беше чест да се натпреварувам со нив и да го освојам овој трофеј. Ќе ја браниме титулата следната година.“