Манчестер Јунајтед одигра сезона за заборав. „Црвените ѓаволи“ завршија на осмото место со ист број бодови како Њукасл, но поради полоша гол разлика, која во нивниот случај е дури и негативна, не обезбедија пласман во Европа.
Добар дел од тимот е мета на критики, особено триесет и двегодишниот легендарен Бразилец Касемиро, кој одигра значително полоша сезона од првата во Англија, во која постигна дури 13 гола. Касемиро поради повреди оваа сезона мораше да игра стопер во тимот, но сепак многумина велат дека тој повеќе не е на елитното ниво и дека треба да замине во Саудиска Арабија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во интервју за Sky Sports, Бразилецот им одговори на критичарите: “Критиката е дел од фудбалот, а јас сум секогаш многу смирен. Кога станува збор за конструктивна критика, секогаш е добредојдена. Особено во фудбалот, кога играте на високо ниво цели 10 години и ќе паднеш малку, секогаш ќе има реакција.
Минатата сезона ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиерлигата, а сега сум безвреден? Ова е судење без почит. Па кога не се почитува, тогаш е загрижувачки. Од моментот кога се чувствувам омаловажено, не се чувствувам како што треба. Тогаш ја губам почитта кон тие луѓе“.