Дома Топ вести Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Турскиот фудбалер, Арда Ѓулер долго време чекаше вистинска шанса во Реал, но во завршницата од сезоната покажа зошто очекувањата од него во Мадрид се големи.

Откако Реал ја обезбеди титулата, Анчелоти му даде повеќе простор за игра, а Ѓулер тоа го искористи на најдобар начин. Во вчерашниот натпревар против Виљареал кој заврши без победник 4:4 постигна два гола и така ја продолжи одличната голгетерска форма.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Ѓулер има постигнато шест гола со шест испратени удари кон противничките мрежи, па иако имаше мала минутажа сезонава со вчерашните два гола стана четврти најдобар стрелец на Реал.

„Арда е навистина неверојатен. Колку е поблизок до голот, току е подобар. Сите се уверивме дека е неверојатно ефикасен, постигна толку голови од малкуѕ удари. Има посебен талент и тој доаѓа до израз кога е пред противничкиот гол“, изјави Анчелоти по вчерашниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…