Барселона со вчерашната победа од 3:0 против Рајо Ваљекано го обезбеди второто место на крајот од сезоната.
Првиот гол за каталонскиот гигант го постигна Роберт Левандовски уште во третата минута, а натпреварот беше решен кога Педри постигна два брзи гола во 72. и 75. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По натпреварот претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се симнал во клупските простории за да одржи состанок со Чави. На тој станок наводно требало да биде одлучено дали ќе остане на кормилото на екипата и следната сезона.
Сепак, состанокот не се одржал бидејќи како што наведуваат шпанските медиуми на Лапорта му се слошило и бил итно пренесен во болница.