Дома Фудбал Останато Официјално: Заминува еден од најбараните тренери!

Официјално: Заминува еден од најбараните тренери!

Тренерот на Брајтон, Роберто де Зерби (44) ќе го напушти овој клуб на крајот од актуелната сезона, по натпреварот против Манчестер Јунајтед, соопшти денес премиерлигашот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Италијанскиот тренер пристигна меѓу „галебите“ во септември 2022 година и се стекна со репутација на еден од најдобрите стратези на Островот, а голем успех постигна со пласманот на Брајтон во осминафиналето на Лига Европа оваа сезона, откако заврши на седмото место во Премиер лигата претходната сезона.

„Многу сум тажен што го напуштам Брајтон, но горд сум и на она што го постигнаа моите играчи и стручниот штаб со голема поддршка од сите во клубот во текот на овие две историски сезони. Се договоривме дека ова е мојот крај во Брајтон“, изјави Де Зерби.

Во претходните години италијанскиот стручњак беше поврзуван со голем број на топ клубови како Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Баерн Минхен, а особени пофалби доби од тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој особено го цени.

За време на неговата тренерска кариера, Де Зерби ги водеше Дарфо Боарио, Фоџа, Палермо, Беневенто, Сасуоло и Шахтјор Доњецк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…