Фудбалскиот клуб Севиља денеска соопшти дека тенорот Кике Санчез ќе си замине на крајот на сезоната, а капитенот Хесус Навас ќе добие понуда да остане во клубот.
Договорот на 59-годишниот тренер истекува во јуни 2025 година, но претседателот на Севиља, Хозе Марија дел Нидо Караско изјави дека е постигнат договор за раскинување на соработката на крајот од сезоната, па тренерот ќе си замине по само шест месеци.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сакам да му се заблагодарам. Клубот беше во тешка ситуација кога дојде и тој успеа тоа да го промени“, изјави претседателот на Севиља, но не најави кој ќе биде новиот тренер.
Кике Санчез дојде во Севиља во декември кога беше 16. на табелата, а на две кола до крајот, тимот е на 12. место.
Претседателот на клубот изјави и дека на капитенот Хесус Навас му нуди доживотен договор. Севиља во четвртокот објави дека 38-годишниот Навас ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
„Сигурно дошло до недоразбирање, за што јас ја преземам одговорноста. Му нудам доживотен договор за да може да игра колку што сака во Севиља“, изјави првиот човек на клубот од Андалузија.