Дома Останати Трагедија: Боксер го загуби животот во неговата прва професионална борба

Трагедија: Боксер го загуби животот во неговата прва професионална борба

Oд боксерскиот свет ни пристигнува тажна вест за смртта на 29-годишниот Шериф Лавал кој го загуби животот во неговата прва професионална борба.

Лавал влезе во рингот против Португалецот, Малам Варела и беше нокаутиран во четвртата рунда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Медицинскиот тим реагираше и влезе во рингот за да му пружи помош, меѓутоа по пренесувањето во најблиската болница била констатирана смрт.

„Навистина ужасен момент кој никој од нас не го посакуваше. Сакаме да изразиме најискрено сочувство до неговото семејство, знаеме дека им е тешко на сите. Не можеме да објасниме како ова се случи, погодени сме. Вакви сцени никогаш не се пријатни“, изјави Костакис Евангелу кој беше организатор на настанот.

За настанот со испраќање поддршка до семејството и блиските на Лавал се огласи и Тајсон Фјури кого викендов го чека борбата со Олександар Усик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…