Дома Фудбал Пеп: Да беа во прашање парите, Манчестер Јунајтед требаше да ги освои сите титули. Сите!

Пеп: Да беа во прашање парите, Манчестер Јунајтед требаше да ги освои сите титули. Сите!

Манчестер Сити од 21 часот ќе игра против Тотенхем во 34. коло од Премиер лигата. Сити моментално е втор со бод зад Арсенал и потребна е победа за да скокне на првото место.

Тотенхем е петти и најверојатно ќе остане на таа позиција, бидејќи Астон Вила моментално има пет бода пред нив.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола пред натпреварот зборуваше за медиумите за тоа дали доминацијата на Сити е здодевна и објасни дека парите не се единствената причина за успехот на Сити: „Досадно е? Не, тешко е затоа што знаете што се случувало претходно?

Ако беа во прашање пари, Манчестер Јунајтед требаше да ги освои сите титули, сите. Втори? Челзи! А трети? Арсенал! Бидејќи тие потрошија повеќе од нас во последните 5 сезони. Тие би требало да беа таму, а не се.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија чека ривали за ЕП 2028: Трет шешир и група без петта селекција

Македонската репрезентација има сигурно место во третиот шешир за декемвриската ждрепка, а…