Дома Топ вести Мбапе: Моето ново поглавје ќе биде многу возбудливо

Мбапе: Моето ново поглавје ќе биде многу возбудливо

По петти пат во кариерата Килијан Мбапе беше прогласен за најдобар фудбалер во француската Лига 1, а на овој настан се збогуваше и со Пари Сен Жермен.

Пред неколку дена Мбапе објави видео во кое ја соопшти својата одлука за заминување ова лето, а оваа прилика беше прва во која разговараше подетално. Сепак, не откри каде ќе продолжи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Моето ново поглавје ќе биде многу возбудливо, ќе откривам нови работи и тоа ме прави среќен. Во овој момент ми е потешко отколку што ви изгледа. Затворам едно големо поглавје, се обидував да бидам достоен претставник на Лига 1.

Благодарен сум на луѓето во клубот и на претседателот. Навистина многу ќе ми недостасуваат. Од ПСЖ заминувам со крената глава. Кој ќе биде мој следен клуб? Можам да кажам дека заминувам од ПСЖ, за повеќе не е време“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алонсо ѝ постави ултиматум на ѕвездата на Реал: Во недела ти е последната шанса, или докажи се или оди си!

Реал Мадрид синоќа со многу мака на стартот на новата сезона ја победи Осасуна (1:0), а мн…