Долги години Џанлуџи Буфон важеше за најдобар италијански голман и немаше конкуренција во репрезентацијата, а по завршувањето на кариерата продолжи да работи во федерацијата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со таква кариера зад себе секако има кредибилитет да зборува за актуелната состојба, па така зборуваше за најдобрите голмани во првенството.
За Буфон најдобар голман во овој момент во италијанското првенство е Јан Зомер кој пристигна во Интер како замена за Андре Онана.
„Кога ќе се погледнат бројките и чистите мрежи не смееме да го изоставиме Јан Зомер. Можеби многумина беа изненадени од неговата сезона, но јас не сум. Добро знаев дека ќе биде полн погодок за Интер. Тука е и Шчесни, иако Јувентус немаше најдобра сезона“, изјави Буфон.