Дома Останати СКАНДАЛ во Шангај: Ник Кирјoс го напушти мечот после само ЕДЕН сет!

СКАНДАЛ во Шангај: Ник Кирјoс го напушти мечот после само ЕДЕН сет!

Кога ќе порасне Ник Киројс? Тоа е можеби најдоброто прашање кое може да се постави до Австралијанецот после новиот скандал кој го направи Шангај.

Тој одлучи после изгубениот прв сет во тај брејк (7:5) против Стив Џонс во првото коло, едноставно да го заврши мечот.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Кирјос водеше со 4:2 во тај брејк, а потоа Џонсон направи винер, но Австралијанецот влезе во расправа со судијата Фергусон Марфи сметајќи дека тоа било аут. Бидејќи ги помина границите, користеше непримерни зборови, а потоа упати и топка кон судијата, Марфи му додели казнен поен, па Џонсон стигна до изедначување.

Тенисерот во тој момент порача дека ако го изгуби овој сет ќе замине дома, а на крај тоа и го направи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Синер: Брзо се договоривме, неправдата можеше да биде и поглема

Поминаа два месеци откако Јаник Синер е суспендиран поради допинг. Италијанецот во февруар…