Дома Фудбал Останато Џани Инфантино проговори за „најболната“ точка на Лионел Меси

Џани Инфантино проговори за „најболната“ точка на Лионел Меси

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино изјави дека Лионел Меси мора да го освои Светското првенство доколку сака да влезе во конкуренција за најдобар фудбалер на сите времиња.

Меси има 30 годин ии постои можност Аргентина да не се пласира на Мундијалот во Русија доколку не го победи Еквадор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку „Гаучосите“ не се пласираат на Светското првенство во Русија следната година тоа можеби и би значело дека Лионел Меси никогаш нема да стигне до титулата на еден Мундијал, бидејќи во 2022 година ќе има веќе 35 години.

„Меси е неверојатен, но за да биде најдобар мора да го освои Светското првенство“, изјави Инфатино.

Претседателот на ФИФА додаде и дека Диего Марадона се издвојува од Меси поради славата која и ја донел на Аргентина со која го освои Мундијалот.

„Постојат многу големи фудбалери кои никогаш не го освоиле Светското првенство, токму поради тоа Марадона се разликува од нив, тој освојуваше титули и со клубот и со репрезентацијата“, додаде Инфантино.

Аргентина и Меси најблиску до оваа цел беа пред три години кога во финалето во Бразил беа поразени од селекцијата на Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…