Дома Фудбал Останато Рикардо Кака најави КРАЈ, но и нов ГОЛЕМ почеток!

Рикардо Кака најави КРАЈ, но и нов ГОЛЕМ почеток!

Бразилецот е уморен и сака да се повлече.

Легендата на Милан, Рикардо Кака одлучи да стави крај на фудбалската кариера откако ќе му истече договорот со Орландо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кака во претходните три години беше член на екипата од МЛС лигата, а сега најави повлекување, но и ги откри плановите за во иднина.

„Повеќе не уживам толку на теренот и уморен сум од фудбалот. Како одлична идеја ми изгледа да започнам тренерска кариера во младинските категории, да се развивам, навистина би го сакал тоа“, изјави Кака.

Кака во кариерата настапуваше за Сао Паоло од каде што во 2003 година пристигна во Милан и стана еден од најдобрите фудбалери кои некогаш го носеле дресот на големиот италијански гигант со кој во 2007 година ја освои Лигата на шампионите, а во 2009 година одлучи да премине во Реал Мадрид.

Во редовите на „кралевите“ никогаш не достигна својата вистинска форма, а Орландо ќе биде клубот во кој ќе ја заврши кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…