Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот затоа што имал срцев удар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Штербик денес е тренер на голманите во Веспрем, а во утринските часови се почувствувал лошо поради што заминал во болница. Таму му бил дијагностициран срцев удар.
Во соопштението на социјалните мрежи се наведува дека благодарение на брзата реакција на докторите Штербик сега се чувствува добро и во трекот на утрешниот ден би требало да го напушти одделот за интезивна нега.
Клубот исто така му посака добро здравје и му посака брзо враќање. Штербик кариерата ја заврши во 2020 година, а за Вардар со кој ја освои и европската титула бранеше од 2014 до 2018 година.