Дома Останати Штербик: Пред финалето, ме загрижува еден факт

Штербик: Пред финалето, ме загрижува еден факт

Шпанскиот и Вардаров голман, Арпад Штербик вчера пристигна во Хрватска, па денес беше од голема корист за Фуријата која обезбеди пласман во големото финале на шампионатот.

Она за кое бил загрижен Штербик било темпото кое мислел дека нема да може да го издржат неговите соиграчи во одбраната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ме загрижува тоа што мојата селекција одигра одлични натпревари со Франција и Германија, па дали и третпат ќе биде така не можеме да знаеме. Во одбраната потфрлиме во вторите 30 минути, но среќа создадовме предност која не можеше да се стигне“, истакна Штербик и додаде:

„Нашиот тренер беше на првенството, уште еден тренер не беше на располагање, на тренинг имавме тројца голмани и тројца играчи. Ги бранев пеналите бидејќи не е потребно многу да се скока, не сум убеден дека ќе можев да бранам на цел натпревар. Родриго беше одличен, а сега ни останува да одмориме и да видиме дали можеме да ја повториме играта и во финалето“, заклучи Штербик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Радувај се Македонијо: Бобан Илиоски е нов светски шампион во кик-бокс во ВАКО Про

Вечерва во одлична атмосфера во Спортскиот центар „Јане СанданскИ“ во Скопје пред голем бр…