Дома Фудбал Проблем за Дешам: Франција може да биде без првиот голман на ЕП?!

Проблем за Дешам: Франција може да биде без првиот голман на ЕП?!

Францускиот голман Мајк Мањан заработи повреда на само шест недели пред почетокот на Европскот опрвенство и во Франција стравуваат дека постои можност да го пропушти собирот на најдобрите репрезентации на континентот.

Милан потврди дека Мањан заработил повреда на десната нога, меѓутоа засега не е познато колку ќе треба да паузира.

Ваквата повреда на одличниот голман е лоша вест за францускиот селектор, Дидие Дешам кој за половина месец треба да го соопшти конечниот список на фудбалери на кои ќе смета за Европското првенство.

На Европското првенство, Франција првиот натпревар го игра на 17-ти јуни против Австрија, а во нивната група се уште Полска и Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал пред договор со талентот на Јунајтед: Габриел го избрал Мадрид?

Според Фабрицио Романо, Џеј Џеј Габриел е блиску до усна согласност со Реал Мадрид, но офи…