Арсенал и Манчестер Сити водат битка за титулата во Премиер лигата, Ливерпул со последните резултати го загуби чекорот и сега заостанува. Манчестер Сити се уште е во предност, но во Арсенал се надеваат дека „граѓаните“ можат да „кикснат“ во некој од следните дуели.
Арсенал го доби дербито против Тотенхем со резултат 3:2, додека Манчестер Сити беше подобар од Нотингем Форест со 2:0. Тоа значи дека разликата на врвот на табелата остана иста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Топџиите“ имаат бод повеќе од „граѓаните“ на врвот на табелата, но Манчестер Сити има натпревар помалку и има се во свои раце. Знаејќи како игра Манчестер Сити секоја година на крајот од сезоната, од нив се очекува да ги добијат сите натпревари и да освојат нова титула во Премиер лигата.
Од друга страна, Арсенал ќе се обиде да победи на преостанатите три натпревари и ќе навива за ривалите на Сити со надеж дека некој ќе им „одземе“ бодови. Арсенал се надева дека еден од Вулверхемптон, Фулам, Тотенхем и Вест Хем ќе го изненади Сити и ќе му ја одземе титулата.
Преостанатите четири натпревари на Манчестер Сити:
(4 мај) Манчестер Сити – Вулверхемптон
(11 мај) Фулам – Манчестер Сити
(14 мај) Тотенхем – Манчестер Сити
(19 мај) Манчестер Сити – Вест Хем
Преостанатите три натпревари на Арсенал:
(4 мај) Арсенал – Бурнемаут
(12 мај) Манчестер Јунајтед – Арсенал
(19 мај) Арсенал – Евертон