Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски не го криеше задоволството од победата над Лихтенштајн и истакна колку е важно присуството на Горан Пандев.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Пандев одигра уште еден одличен натпревар и покажа колку е важен за тимот. Ќе направам се што е моја моќ тој и во следните квалификации да го носи репрезентативниот дрес. Се надевам дека ова не беше неговиот последен натпревар за Македонија, изјави Ангеловски.
За враќањето на Аријан Адеми на терените по суспензијата, кое беше зачинето со гол Ангеловски истакна:
„ Среќен сум за Адеми што е пак дел од репрезентацијата. Добиваме одличен играч, тој е пред се голем човек“.