Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во средата, но Меѓународната федерација за скијање и сноуборд (ФИС) соопшти дека нема да го признае значајното достигнување на јапонскиот скокач затоа што „не ги исполнил условите за натпреварување“.
27-годишникот се спушти по специјално направената природна рампа и прескокна 291 метар низ воздухот, што беше вистински подвиг. Јапонецот во воздухот при скокот леташе околу 10 секунди
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Натпреварувањето во скијачки скокови мора да се заснова на систем за мерење на далечина потврден од FIS и да се одржува на скокалница одобрена од FIS за да издржи споредба со други летови и да ги исполни барањата за официјален рекорд во скијање“, објаснуваат од ФИС.
„Истовремено, постојат прописи за употребениот материјал кој мора да биде тестиран од FIS сертифициран контролор на опремата; на пример, должината на скиите и тежината на опремата“.