Дома Фудбал Мбапе не престанува да соборува рекорди и пишува историја

Мбапе не престанува да соборува рекорди и пишува историја

Денес беше објавен списокот од 30 играчи кои се најдоа во изборот за „Златната топка“.

Најголем фаворит за освојување на оваа престижна награда која ја доделува „Франс Футбол“ секако е Кристијано Роналдо, но уште едно име на списокот предизвика големо внимание.

Имено, меѓу 30те најдобри на светот се најде и младиот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Овој 18-годишен фудбалер експлодира изминатата сезона во дресот на Монако, ова лето пристигна на позајмица во ПСЖ, кој се обврза следната сезона да го откупи неговиот договор за 180 милиони евра.

Мбапе така стана и најмладиот играч во историјата на фудбалот, кој е номиниран за оваа награда со 18 години и девет месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го менува фудбалскиот распоред: УЕФА одложи натпревари во Португалија

Бурата Чарлс донесе предупредувања за силен ветер и обилни врнежи, поради што УЕФА одложи …