Дома Фудбал Англија Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вчерашниот натпревар во кој беа поразени со 5:0.

„Сините“ примија дури пет гола и го доживеаа најболниот пораз откако на клупата е Маурисио Покетино. Сепак, тој не се согласува дека е штета да се изгуби на овој начин.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Срам? Не, не е фер на тој начин да се опишуваат нашите фудбалери. Не можеме да ги обвинуваме младите играчи кои дојдоа тука по бројни тешки околности и да се борат против тимови кои имаат за цел да ја освојат Премиер лигата“, изјави Покетино.

На Челзи сега му претстојат уште два тешки натпревари, против Астон Вила во Бирмингем, а потоа го пречекува Тотенхем во уште едно градско дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус блиску до договор со центарфорот кој го обожава

Торинскиот Јувентус, кој го води хрватскиот тренер Игор Тудор, е близу до договор со ПСЖ з…