Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лигата на Шкотска и секако дека тоа е за почит.
Миовски местото секако го заслужи со своите одлични настапи во текот на целата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По изборот во најдобрите единаесет Миовски се огласи преку социјалните мрежи. Миовски ја сподели честитката од неговиот тим Абердин и се заблагодари на поддршката.
„Верувам дека ако работите напорно работите кои ги сакате се остваруваат. Ми претставува чест што сум во Тимот на сезоната. Не можам да опишам колку многу ми значи ова. Благодарен сум на сите“, порача македонскиот голгетер.
Актуелната сезона е најуспешната во кариерата на Миовски и тој е трет стрелец во шкотското првенство со 14 постигнати гола. Кога во прашање се сите натпреварувања Миовски постигна 24 гола и подели четири асистенции на 48 натпревари во дресот на шкотскиот тим.