Барселона беше иелиминирана од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа што победи со 3-2 во Париз, а потоа поведе со 1-0 на домашен терен.
Сепак, Роналд Араухо доби црвен картон во 29. минута од возвратниот, а ПСЖ ја искористи бројната надмоќ за да оствари победа од 4:1, односно вкупни 6:4.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Илкај Гундоган, еден од најискусните играчи на Барселона, по натпреварот го критикуваше Араухо.
„Во клучните моменти од играта, треба да бидете сигурни кога одите по топката. Лично, повеќе би сакал да ја пуштам ситуацијата еден на еден и да му дадам шанса на голманот да спаси, па дури и да прими гол, рече тој на што Араухо одговори:
„Преферирам да го задржам за себе она што го мислам за тие коментари. Имам одредени вредности кои мислам дека треба да се почитуваат“.