Дома Фудбал Романо го потврди следниот клуб на Мбапе: Повеќе нема дилеми

Романо го потврди следниот клуб на Мбапе: Повеќе нема дилеми

Фабрицио Романо денеска потврди дека Килијан Мбапе (25) од ПСЖ летово ќе премине во Реал Мадрид. Реал без обештетување ќе го добие францускиот капитен.

Романо пишува: „Килијан Мбапе е презадоволен од сите разговори што ги има со Реал. Се верува дека е само прашање на време кога ќе заврши сагата“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мбапе донесе одлука. Тоа е Реал Мадрид и нема сомнеж. Тој никогаш немал намера да преговара со други клубови, од првиот ден. Неговиот целосен фокус е на Реал Мадрид“.

Мбапе пристигнува во Реал како слободен играч откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Францускиот шампион се обиде да го задржи, постојано му испраќаше нови понуди, а 25-годишниот Мбапе се одлучи за Реал и му порача на ПСЖ дека повеќе не мора да контактира со него за продолжување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија против БиХ ќе игра во спектакл пред 30.000 гледачи!

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Босна и Херцеговина во пријателски на…