Милан е спремен ова лето да слушне понуди за Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бенасер одигра клучна улога во освојувањето на Скудетото пред две години, а минатата сезона беше еден од најдобрите и стави потпис на нов договор.
Меѓутоа, оваа сезона отсуствуваше долго време и го загуби првотимскиот статус, па „росонерите“ се спремни да го продадат на лето.
За него интерес покажуваат клубовите од Премиер лигата и доколку некој понуди 50 милиони евра Милан е спремен да ја прифати понудата.