Дома Фудбал Гвардиола: Во кој било друг спорт ние ќе победевме

Гвардиола: Во кој било друг спорт ние ќе победевме

По ПСЖ и Борусија Дортмунд, во полуфиналето на Лигата на шампионите се пласираа и Реал Мадрид и Баерн Минхен.

По фантастичната прва средба во Мадрид, која заврши 3:3, Манчестер Сити и Реал одиграа 1:1 во реваншот на „Етихад“ по продолженијата, па прашањето за патниците во полуфиналето беше решено со пенал серија. На крајот поуспешни беа Шпанците, Реал победи со 4:3 со промашените пенали на Лука Модриќ и Матео Ковачиќ.

Сити во текот на 120 минути игра имаше неверојатна доминација во се, од посед до бројот на удари кон голот, но на крајот Шпанците се пласираа понатаму. Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола накратко го коментираше исходот по натпреварот.

„Ова е фудбал. Во кој било друг спорт ќе победевме“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најпознатиот клуб ќе добие најнеобичен стадион во светот: Ќе се гради од посебен материјал

Бирмингем Сити планира изградба на нов стадион кој треба да стане еден од најинтересните с…