Атлетико Мадрид вчера се прости од Лигата на шампионите во четвртфиналната фаза.
Избраниците на Диего Симеоне во Дортмунд бранеа 2:1 oд првиот натпревар, но загубија со 2:4 и беа елиминирани од натпреварувањето. Добра вест за Атлетико беше испаѓањето на Барселона од Пари Сен Жермен бидејќи ја наполни касата на мадридскиот клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Елиминацијата на Барселона од четвртфиналето значи дека Атлетико ќе игра на Светското клупско првенство следната година.
Ќе се одржи во САД во нов формат. Ќе учествуваат 32 екипи поделени во осум групи по четири екипи. Двете најдобри од секоја група ќе играат во нокаут фазата.
Барселона за да се пласираше на Светското клупско првенство мораше да обезбеди финале во Лигата на шампионите оваа сезона и да чека Атлетико да испадне од Борусија (Д). Нејзината елиминација од најсилното европско клупско натпреварување значеше и промоција на Атлетико на клупското СП следната година. А тоа на клубовите им носи 50 милиони евра.
Европските претставници на Светското клупско првенство ги пополнија сите места освен едно кое е наменето за победникот во овосезонската Лига на шампиони, односно за најдобриот тим според рангирањето на ФИФА во последните четири години кој се уште го нема обезбеденбо местото во натпреварувањето. Засега сигурни се Манчестер Сити, Реал Мадрид, Челзи, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус и Атлетико.