Дома Фудбал Англија Карагер удри по Халанд: Не е светска класа и никогаш нема да биде подобар од овие тројца

Карагер удри по Халанд: Не е светска класа и никогаш нема да биде подобар од овие тројца

Норвежанецот Ерлинг Халанд руши рекорди во Премиер лигата, меѓутоа се почесто добива критики затоа што не се истакнува во дерби натпреварите.

По натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите кој заврши без победник 3:3, а Халанд скоро и ништо да не направи на теренот добиваше критики од: Рој Кин, Тиери Анри, Ван Дер Варт…сега се огласи и Џејми Карагер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Халанд е еден од најдобрите стрелци, но не може да се каже дека е фудбалер од светска класа. Сетете се на најдобрите напаѓачи во Премиер лигата во последните 20 години, Анри, Суарез или Кејн…

Тие имаа толку големо влијание на своите тимови без разлика дали ќе постигнат гол или не.
Халанд не е на нивното ниво и никогаш нема да биде подобар од нив. Погледнете ги последните три натпревари на Халанд против квалитетни противници кога имаше проблеми со Ван Дајк, Салиба и Рудигер“, објасни Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, а сега сум безвреден?“

Настапите на бразилскиот играч за врска Касемиро во Манчестер Јунајтед се под знак прашалн…