Дома Фудбал Клоп по дебаклот на Ливерпул: О, мој Боже…

Клоп по дебаклот на Ливерпул: О, мој Боже…

Аталанта на „Енфилд“ го декласираше Ливерпул со 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.

Двоен стрелец кај гостите беше Џанлука Скамака, додека третиот гол го постигна хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ во 83. минута.

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп даде изјава откако неговиот тим го претрпе првиот пораз на домашен терен по 14 месеци.

“Ова беше навистина лош натпревар. О, Боже…” – започна Клоп, кој по девет години на клупата ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната.

“Добро влеговме во натпреварот, но не продолживме така. И пред да постигнат гол, ги загубивме линиите на играта. Бевме насекаде, но никаде. Нашиот среден ред беше развлечен. Не го препознав веднаш, навистина беше чудно, додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп воведе воена дисциплина во Германија: Забрани телефони, фризери и посети!

Јирген Клоп, по доаѓањето на позицијата селектор на Германија, воведе четири строги правил…