Дома Фудбал ВИДЕО Симеоне во конфликт со спортскиот директор на Борусија

ВИДЕО Симеоне во конфликт со спортскиот директор на Борусија

Атлетико Мадрид на домашен терен ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Родриго де Пол во четвртата и Самуел Нино во 32. минута беа стрелци за мадриѓаните, додека Себастиен Халер во 82. минута за Борусија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот дел дојде до дуел помеѓу тренерот на Атлетико, Диего Симеоне и спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел. Кел се пожали на наводниот прекршок на Де Пол врз капитенот на Борусија, Емре Чан, но судијата Марко Гуида ја продолжи играта, а Атлетико тргна во напад, што не и се допадна на клупата на Дортмунд.

Веднаш е спречен поголем конфликт што можете да го погледнете на видеото подолу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го освои италијанскиот Куп

Јувентус го освои трофејот во италијанскиот Куп, откако во финалето ја победи Аталанта со …