Дома Фудбал Англија Огромни проблеми за Венгер – „Болница“ во Лондон!

Огромни проблеми за Венгер – „Болница“ во Лондон!

Фудбалерите на Арсенал во наредниот натпревар против Вотфорд во Премиер лигата ќе бидат значително ослабени.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


ФИФА „вирусот“ го зафати и тимот на Арсен Венгер кој после репрезентативната пауза не ќе може да смета на неколку фудбалери.

Од претходно беше познато дека Санти Казорла подолг период ќе биде надвор од терените како и Дани Велбек, а сега листата на повредени се зголеми за уште четворица.

Шкодран Мустафи заработи повреда и ќе мора да оди на кратка пауза, Лоран Кошчелни го напушти кампот на репрезентацијата на Франција поради проблеми со Ахиловата тетива, Месут Озил и понатаму има болки во коленото, а последен се повреди Калум Чемберс.

Натпреварот помеѓу Вотфорд и Арсенал се игра во сабота со почеток од 18:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Енрике за критиките по 5:4: Тоа се проклети мислења

Главниот тренер на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, кој е близу до тоа да го доведе својот ти…