Дома Фудбал Пачовски и Кајт со Бершот од наредната сезона ќе играат во најсилната лига во Белгија

Пачовски и Кајт со Бершот од наредната сезона ќе играат во најсилната лига во Белгија

Белгиски Бершот каде што тренер е легендарниот напаѓач на Ливерпул Дирк Кајт, а во улога на тренер на голманите поранешниот македонски репрезентативец, Томе Пачовски обезбеди пласман во најсилната лига во Белгија.

Изминатиот викенд Бершот славеше победа на гостински терен против Остенде, а таа беше доволна и математички да ја обезбедат промоцијата во елитното друштво бидејќи третопласираниот Ломел има 49 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оченаш повторно пред Македонија: словачкиот судија делегиран за дуелот со Шкотска

Михаил Оченаш ќе го води гостувањето на Македонија во Глазгов, во претпоследното коло од Л…