Цела Шпанија е на нозе по грозоморните закани на социјалните мрежи, а се закануваат и на натпреварите во Париз и Лондон каде се среќаваат Арсенал – Баерн и ПСЖ – Барселона.
Минатата вечер шпанските медиуми објавија шокантна информација дека Исламската држава се заканила со терористички напад на четирите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На социјалните мрежи се појави грозоморна фотографија (објавена од фондацијата „Ал Азим“) која зборува за наводната намера на Исламската држава да нападне четири стадиони на кои се играат натпреварите од Лигата на шампионите: „Емирати“ во Лондон, „Паркот на принцовите“ во Париз и „Метрополитано“ и „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Властите во Шпанија се информирани за вознемирувачката порака која се шири на социјалните мрежи и ја објавува споменатата фондација „Ал Азаим“, а како што пишува шпанска „Марка“, засега нема причина за преголема паника.
Веќе се е пријавено во полиција и разузнавачките служби, додека секако сите четвртфинални натпревари се оценети како натпревари од „висок ризик“.
Инаку, фондацијата „Ал Азим“ служи за објавување на пораките на Исламската држава, но многу фанови сметаат дека тоа е само закана за создавање паника, бидејќи сметаат дека не би ги откриле однапред своите намери.
🚨 ÚLTIMA HORA I El Estado Islámico amenaza con un atentado terrorista en los Cuartos de Final de la Champions
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) April 8, 2024
➡️ La fundación Al Azaim, medio que se encarga de difundir mensajes del Estado Islámico, ha hecho pública una imagen en la que se amenaza al Parque de los Príncipes, al… pic.twitter.com/b1LQ5hoakD