Дома Фудбал Атлетико остана без клучен напаѓач пред четврт-финалето во Лигата на шампионите

Атлетико остана без клучен напаѓач пред четврт-финалето во Лигата на шампионите

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид официјално соопшти дека напаѓачот Мемфис Депај нема да игра во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, домашниот натпревар против Борусија (Д).

30-годишниот холандски напаѓач се повреди на тренинг, што секако ќе биде хендикеп за тимот предводен од Аргентинецот Диего Симеоне.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Впрочем, Депај беше еден од хероите на Атлетико во осминафиналето од Лигата на шампионите оваа сезона.

Холанѓанецот постигна гол во 87. минута против Интер кој ги однесе во продолженија, а потоа тимот од Мадрид на пенали го исфрлија финалистот од минатата сезона.

Атлетико не соопшти колку долго ќе отсуствува Депај поради повреда на мускулот, но неколку шпански медиуми пренесуваат дека паузата би можела да трае три до четири недели, што би значело дека Атлетико ќе биде без Холанѓанецот дури и на реваншот во Дортмунд.

Првиот натпревар меѓу Атлетико и Борусија (Д) ќе се одигра во Мадрид оваа среда, додека реваншот е закажан за 16 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диас: Да отидам во Баерн беше правилната одлука, горд сум да играм со Кејн и Олисе

Колумбискиот репрезентативец Луис Диас призна дека бил импресиониран од квалитетите на нег…