Дома Останати Тенис Надал си ја отвори душата: Тешко ми е, телото не ми дозволува да играм…

Надал си ја отвори душата: Тешко ми е, телото не ми дозволува да играм…

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се обиде да се врати на тенисот во 2024 година, меѓутоа се соочува со многу проблеми и досега покрај големата желба настапи само на турнирот во Бризбејн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од тој турнир постојано имаше најави дека ќе се врати, но на крајот се повлекуваше поради повреди. Така е и со турнирот во Монте Карло.

„Телото не ми дозволува да играм. Тешко ми е, се борам околу година ипол. Секојдневно се трудам, но реалноста е поинаква и сурова. Во овој момент не можам да се натпреварувам. На личен план се е во ред, меѓутоа на професионален ми е тешко.

Се соочувате со моменти за кои не сте замислувале дека можат да се случат. Не се откажувам, меѓутоа во овој момент не можам да играм никаде поради тие проблеми. Откако се вратив од Австралија пробувам различни работи, имам проблем со абдоменот“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка објави фотографии во провокативен костим и ги воодушеви фановите (Фото)

Најдобрата тенисерка на светот, Арјна Сабаленка, објави фотографии од снимањето за списани…