Дома Фудбал Останато Потер пред враќање на фудбалот: Седнува на клупата на четирикратниот шампион?

Потер пред враќање на фудбалот: Седнува на клупата на четирикратниот шампион?

Англискиот тренер Грем Потер според најавите би можел да биде нов тренер на холандскиот гигант Ајакс.

Медиумите во Холандија пренесуваат дека преговорите помеѓу двете страни се во напредна фаза и наскоро договорот би можел да биде постигнат.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Потер на клупата на Ајакс би седнал следната сезона. Без ангажман Потер е повеќе од една година кога по лошите резултати доби отказ во Челзи.

Чекаше вистинска понуда Потер, а да се води четирикратниот европски шампион би можел да биде вистински предизвик за него. Во кариерата Потер во Англија беше тренер на Брајтон и Челзи, додека во Шведска направи одличен резултат откако Остерсунд од Шведска од втора лига го внесе во Лига Европа.

Се шпекулираше одреден период дека може да биде и нов селектор на Шведска, меѓутоа на крајот тоа не се реализираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ханзи Флик: Научивме лекција од претходната сезона во ЛШ

Откако минатата сезона остана на чекор од финалето, тимот на Барселона се враќа во Лигата …