Дома Фудбал Дали Аморим со оваа изјава ја најави преселбата на Енфилд?

Дали Аморим со оваа изјава ја најави преселбата на Енфилд?

Фудбалерите на Спортинг Лисабон брилјираат во тековната сезона. Најголема заслуга за добрите игри и забележителните резултати на клубот има актуелниот стратег Рубен Аморим.

Талентираниот стратег на тој начин се најде на мета на многу познати клубови, меѓу кои се издвојува Ливерпул.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, пред дуелот со Бенфика, кој најверојатно ќе го реши шампионот, тој проговори за својата судбина на клупата на Спортинг.

Не можам да гарантирам дека ќе останам во Спортинг. Ако не ја освоиме титулата, нема да останам. Мора да продолжиме да победуваме, а кога ќе заврши сезоната ќе размислуваме за следниот период – изјави Аморим.

Спортинг е првопласираната екипа во португалскиот шампионат и има 68 бодови, само еден бод повеќе од Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА се подготвува да казнува за говорење со покриена уста

Во ФИФА се разгледува можностa во иднина фудбалерите да бидат казнувани за обраќање кон пр…