Брајан Сарагоса пристигна на големa, но изгледа на мала врата ќе си замине од Баерн Минхен барем привремено.
Шпанецот пристигна од Гранада во зимскиот преоден рок, иако првичниот договор беше да се го засили Баерн на лето, но германскиот гигант доплати и го доведе во јуни.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, тој не се вклопи, не го знае германскиот јазик и Томас Тухел целосно го држа надвор од тимот.
Да бидат нештата уште полоши, Сарагоса нема никаква поврзаност со Тухел, бидејќи досега тренерот никогаш лично не му се јавил дека е изоставен од тимот, туко тоа му било соопштено од неговиот помошник.
Најреално решение е тој да замине на позајмица во летниот преоден рок, доколку новиот тренер не инсистира да остане. На крилните позиции конкуренцијата е силна, па сигурно е дека и Сарагоса ќе бара позајмица. Досега Шпанецот во Бундеслигата одигра само 35 минути.