Челзи и Манчестер Јунајтед одиграа вистински трилер меч со седум гола, кој на крај му припадна на „сините“ со конечни 4:3.
Победата беше особено емотивна за менаџерот на домашниот тим, Маурисио Покетино. Аргентинецот играше „како кловн“ покрај аут-линијата. Како да сакаше со своето однесување да им врати на бројните критичари, кои го нарекуваа како „тренер без страст“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За мене не е прикажување на страст кога некој луд човек покрај аут-линијата прави глупости. За мене е страст кога 11 играчи на теренот трчаат, се борат и очајни сакаат да постигнат гол. Тоа е страст кој навивачите на Челзи мора да го видат.
Како менаџер морам да бидам смирен и аналитичен во текот на натпреварот за да се фокусирам на играта. На крајот од натпреварот покажете страст како јас по победата против Јунајтед. Ова не е циркус во кој кловн ве забавува на аут-линијата“, изјави Покетино за новинарите по натпреварот.