Дома Фудбал Се е спремно за спектакл: Ибрахимовиќ го избра натпреварот за збогување од фудбалот

Се е спремно за спектакл: Ибрахимовиќ го избра натпреварот за збогување од фудбалот

Фудбалскиот сојуз на Шведска соопшти дека нивната репрезентација ќе биде домаќин на Србија во пријателски натпревар на 8 јуни.

Беше објавено и дека 42-годишниот Златан Ибрахимовиќ го избра токму тој натпревар за збогување со својата играчка кариера.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ибрахимовиќ последниот натпревар за клубот го одигра во март минатата година. Тогаш како капитен на Милан беше стрелец во победата против Удинезе. За националниот тим досега има 122 настапи, а последниот беше во март минатата година.

Сега е време целосно да ги закачи копачките и да стави крај на репрезентативната кариера во која постигна рекордни 62 гола за Шведска.

Ќе остане запаметен како еден од најголемите играчи кои не ја освоиле Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…