Дома Топ вести Откриени детали: Еве како Барса може да го доведе Бернардо Силва

Откриени детали: Еве како Барса може да го доведе Бернардо Силва

Еминентниот новинар Фабрицио Романо објави дека сепак постои можност Бернардо Силва ова лето да се пресели во Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Барселона минатото лето силно го посакуваше Португалецот, но немаше финансиска моќ да го реализира трансферот, а Бернардо Силва се уште е голема желба на Каталонците.

29-годишниот Португалец минатото лето потпиша нов договор со Сити со важност до 2026 година, но во него има клаузула што ќе важи од летово и ќе се однесува само на Барселона и изнесува 50 милиони евра.

Тоа е многу пониска сума од неговата реална вредност, па Барселона е спремна да продаде некој од своите фудбалери за да го доведе Бернардо Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…